Skip to content

„СКОПЈЕ и неговата околина“ - Библиотека на мали туристички монографии, бр. 64

Notifications You must be signed in to change notification settings

gocemitevski/skopje-i-negovata-okolina

Repository files navigation

СКОПЈЕ и неговата околина

СКОПЈЕ и неговата околина“ е една од позначајните монографии за главниот град на Република Македонија. Го опишува животот во градот од неговото настанување, па сѐ до осумдесеттите години на минатиот век, кратко пред да започне мачниот период на распаѓањето на Југославија.

Книгата, со текст подготвен од Оливера Ѓекиќ, содржи бројни историски настани што не се евидентирани никаде на Интернет на македонски јазик и претставува печат на едно подзаборавено време, кога во главниот град на Република Македонија се живееше, а не се преживуваше.

ГОЛЕМО благодарам до г-ѓа Оливера Ѓекиќ за нејзиниот бесценет труд и до сите други луѓе што учествувале во подготовката на ова издание. Со објавувањето на содржината на книгата немам намера да нанесам штета на нејзината интелектуална работа, која бескрајно ја почитувам. Намерата ми е да ја направам книгата подостапна, бидејќи сметам дека е вредно културно наследство на Република Македонија што треба да биде достапно во дигитален формат.

Насловна страница на книгата „Скопје и неговата околина“

За жал, недостасуваат 85-те фотографии во боја, бидејќи беа извадени од копијата на книгата што успеав да ја најдам. Ако имате сочувана копија со слики што можете да ми ја позајмите, ве молам да ми пишете.

Благодарност до @zarkovski што ми позајми целосна и неоштетена копија на книгата за да ги скенирам и фотографиите.

Скенирањето е направено полуавтоматски, со помош на „Tesseract Open Source OCR Engine“ и можно е некаде да има печатни грешки. Доколку забележите некоја грешка, можете да ја пријавите на GitHub, за што однапред ви благодарам.

-- Гоце Митевски


ЗАПОЧНЕТЕ СО ЧИТАЊЕ

About

„СКОПЈЕ и неговата околина“ - Библиотека на мали туристички монографии, бр. 64

Topics

Resources

Stars

Watchers

Forks

Releases

No releases published

Packages

No packages published