-
Notifications
You must be signed in to change notification settings - Fork 1
Home
Space Odyssey претставува едноставна 2D игра/апликација која е развиена како семинарска задача - проект, по предметот Визуелно Програмирање, 2019 година, на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) од страна на Константин Богданоски, Бојан Јованоски и Владимир Блажески.
Целта на оваа игра, е играчот да ги победи напаѓачките сили и да ги избегнува космичките објекти, додека не стигне до главниот непријател, кој се крие зад неколку бранови од своите летала. Играта е едноставна, а во ова repository се наоѓа и извршна верзија од истата (.exe) и можете да ја испробате во целосната нејзина слава.
Светот е во опасност, вие сте тие кои се одбрани меѓу најдобрите за да одите на тајна мисија да го уништите главниот брод, пред да стигнат до вашиот дом.
Со кликање на Start New Game
ќе бидете пречекани од нов екран на кој можете да го одберете вашето преферирано летало. Следниот чекор е да се започне мисијата.
Доколку не ги знаете контролите, слободно кликнете на Instructions
за да се запознаете целосно со едноставните контроли.
Одбранете се од големиот број на непријателски летала кои имаат цел да ве уништат, истовремено и одбегнувајте метеори кои ќе ве уништат со само еден удар.
Се наоѓате во метеорски појас, односно голем број на метеори и астероиди се движат кон ваша насока, избегнете ги, преживејте и соочете се со последниот предизвик од оваа мала игра.
Стигнавте до последниот предизвик, време е да го уништите главниот брод и да ја спасите вашата планета. Само неколку чекори ве делат од победа.